Српска министерка учи како се прави алва

Српската министерката за семејна грижа, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, во последно време најголемиот дел од своето работно време го поминува на терен, барем судејќи по фотографијата што ја објави на нејзиниот профил на Инстаграм.

Таа се фатила за тенџерето и калапот, подготвила брашно и масло и правела алва, ориентален специјалитет кој на многумина им е омилен десерт. Министерката вели и дека досега не знаела како се подготвува, но дека учела во Прибој.

„Прекрасните дами од здружението „Сачувајмо селу“ од Прибој ме научија како се прави алва. Ти благодарам Суада“, напиша Дарија на својот Инстаграм профил.

Најчитани вести