Утринава во 02.10 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, после клучка Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на товарно возило „цитроен џампер“ со кумановски регистарски ознаки, при што возачот го напуштил возилото. При преглед во возилото биле пронајдени 20 лица мигранти (18 лица од Конго, 1 лице од Камерун и 1 лице од Авганистан).
Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


