Загина поранешен натпреварувач на „Ѕвездите на Гранд“

Пејачот Немања Вуковиќ, поранешен натпреварувач во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ загинал синоќа во сообраќајна несреќа, објави „Блиц“.

Според извор од местото на настанот, пејачот најпрвин доживеал сообраќајна незгода и излњгол од автомобилот свесен.

Сведок на незгодата му пришол да му помогне, го прашал дали е добро, на што Вуковиќ одговорил дека е и почнал да бега. Во тој момент на него налетал автобус.

Инаку, пејачот Немања Вуковиќ (22) се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ во сезоната 2018/2019, каде жирито го пофали неговиот глас, но и неговиот стас.

Најчитани вести