Европската програма за откривање на најдобрите стартап пазари за иновации од лабораторија до пазар EIT Food од Полска, ги поттикнува истражувачите и амбициозните претприемачи да ги трансформираат иновациите во влијателни бизниси за храна и земјоделска технологија.
Агротим разговараше со Олга Пелек, професорка на Факултетот за менаџмент на Универзитетот во Варшава, која ни ја претстави програмата и придобивките за оние кои ќе одлучат да се приклучат на најголемата европска стартап заедница во земјоделскиот сектор каде што може да добијат континуирана поддршка од слични претприемачи и да соработуваат со светски лидери во индустријата.
„Веруваме дека иновацијата на инклузивните системи, која им овозможува на сите луѓе и места да земат учество и да имаат полза од тоа, е од суштинско значење за силен систем на храна кој е подобар за секого. Со тимови на терен ширум Европа, го премостуваме јазот помеѓу земјите и регионите со низок капацитет за иновации и оние кои се лидери во областа. Ако веќе имате идеја од областа на науката или технологијата, можете да аплицирате за нашата програма, ние ги очекуваме вашите апликации. Исто така повикуваме стартапи од цела Европа, не само од Европската Унија, така што стартапите од Македонија се добредојдени да се пријават за програмата.“, рече Пелек, а нејзиното подетално објаснување за програмата можете да го погледнете во видеото подолу.
Краен рок за аплицирање е 26 март 2023 година, а заинтересираните стартапи и спинофи можат да аплицираат на следниов ЛИНК.
Повеќе информации можете да добиете на следниот мејл: opelekh@wz.uw.edu.pl.


