Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчеравечер и ноќеска (10 и 11 март) од 23 до 5 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол, во која вкупно се откриени и санкционирани 11 возачи (ТЕ-6 и ГВ-5).
„Тие веднаш се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи. Во контролата со соодветни поднесоци биле заокружени и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-4)“, истакнаа од МВР.
Во соопштението Секторот за внатрешни работи Тетово апелираше до возачите да не консумираат алкохол доколку управуваат возила, затоа што така ја загрозуваат сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.


