Кaко изгледал животот на „Голи оток“: Немало поголем страв во поранешна Југославија, ниту поголема психолошка тортура

Затворениците живееле во постојан страв да не бидат шпионирани, наклеветени од други затвореници и чувари. Дури и да ги поминат сите чекори на превоспитување, на крајот „помагале“ во тепањето и деградирањето на новите затвореници. Ова доведувало до тешки ментални нарушувања кај нив.

„Голи Оток“ бил затвор управуван од затвореници и тоа е сè што треба да знаете за тој него за да ја разберете целата тортура низ која луѓето поминувале таму.

Најозлогласениот политички затвор на Тито се наоѓал на брегот на остовот Голи Оток, денешна Хрватска.  Островот се наоѓа во Јадранско Море. Зафаќа површина од околу 4.7 км2 и е сместен источно од полуостровот Истра во Велебитскиот канал, помеѓу островите Раб, Свети Гргур и Првиќ. Островот не е погоден за живот и е ненаселен. Како затвор, функционирал помеѓу 1949 и 1956 година и се разликува од сите модерни затвори бидејќи во него чувари биле затвореници.

Улогата на затворот била да ги реформира затворениците преку принудни психолошки форми на превоспитување. Луѓето кои го преживелае „Голи Оток“, повеќе не биле способни за живот.

Сето тоа започнувало откако тајната полиција ги фаќала затворениците, од кои повеќето не ни знаеле што е нивниот „грев“, а потоа ги транспортирала на островот. Оние луѓе кои го преживеале сето тоа и можеле потоа да раскажат како било, изјавиле дека „добредојде“ на Голи оток било еднакво на пекол.

Затвореникот поминувал низ ритуал наречен „врел зајак“ што значело дека лицето минува низ канонада од затвореници кои го тепале. Подоцна, затвореникот ќе треба да каже кој од нив го тепал помалку, а потоа нежниот затвореник поминувал низ истиот „ритуал“.

Редот на „Голи Оток“ не го спроведуваале стражарите, туку самите затвореници.

Откако ќе дојдат во ќелијата, затворениците требало да им ги признаат на своите цимери гревовите, што мислеле, кажале и што мислат сега.

Доколку затвореникот повторно каже нешто несоодветно, пак ќе биде физички казнет од другите затвореници.

Ако продолжат да ги кажуваат истите работи, затворениците биле принудени да пишуваат изјави, се додека не го променат нивниот однос кон Тито.

Затворениците живееле во постојан страв да не бидат шпионирани, наклеветени од други затвореници и чувари. Дури и да ги поминат сите чекори на превоспитување, на крајот „помагале“ во тепањето и деградирањето на новите затвореници. Ова доведувало до тешки ментални нарушувања кај нив.

Доколку затвореникот одбивал да учествува во дехуманизацијата на новите затвореници, тој бил вратен на почетокот на процесот на „превоспитување“.

Целиот процес низ кој поминувале затворениците, тортурата, психичкото понижување и обезличувањето на Голи оток – засекогаш ги уништувало нивните животи.

Кога на крајот биле ослободени, повеќето затвореници не можеле да се вратат во заедницата бидејќи луѓето ги избегнувале од страв да не бидат доведени во каква било врска со нив, пишува „Historyofyesterday“.

По смртта на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито, во 1980 година, логорот бил претворен во малолетничка колонија, која била затворена истата година, бидејќи меѓународните организации за човекови права ја обвиниле Југославија за нехуманото постапување кон затворениците. По конечното затворање на комплексот во 1988 година, заминале и неговите последни чувари.

Според некои сведоштва на затворениците, едно од мачењата била задача затвореникот да засади дрво и со своето тело да го штити од сонцето. За секое дрво биле обезбедени 0,5-0,7 литри вода (на Голи оток нема извор на вода за пиење), додека на затворениците им се давало до 0,2 литри, односно една чаша дневно.

Најчитани вести