Во скопска Кисела Вода приведен е скопјанец поради изнуда од 2.000.000 денари, соопшти МВР.
Се работи за триесет и осумгодишниот И.Ј. кој поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Изнуда“ казниво по член 258 од Кривичниот законик. Полицијата постапувала по пријава од оштетено машко лице од Скопје кое изјавило дека во временскиот период од месец август 2022 година до 20.02.2023 пријавениот И.Ј. со закани во неколку наврати му изнудил 2.000.000 денари поради претходен долг на неговиот син.
За случајот известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


