МВР: 55 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 21 возило упатено на вонреден технички преглед

 Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12 до 16 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.

При контролата констатирани се 55 сообраќајни прекршоци, од кои шест за користење мобилен телефон при возење, четири за нерегистрирано возило, а на вонреден технички преглед било упатено 21 возило.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести