MВР: 800 санкции за брзо возење

Mинистерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден (19.03.2023) при акциска контрола казнети се 800 возачи на целата територија на Република Северна Македонија.

Казните се изречени за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената и тоа 44 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 506 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 294 надвор од населено место.
 
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачаа од МВР.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести