Oбјавено видео од роденденот на Брус Вилис: Eве како сега изгледа славниот актер

Поранешната сопруга на Брус Вилис, актерката Деми Мур, на социјалните мрежи објави видео од прославата на 68-от роденден на Брус.

Фановите се загрижени бидејќи како што пишуваат во коментарите од видеото забележале дека Брус изгледа како да не може да стои цврсто на своите нозе и се гледаат трагите од тешката болест со која се бори. Од видеото може да се заблежи и дека на актерот му фали преден заб.

Погледнете ја оваа објава на Инстаграм

„Како е можно да му фали заб, а човекот да има милиони на сметката“, „Ми изгледа здрав, но се гледаат последиците од болеста, се гледа дека тешко се движи“, „Мајка ми има деменција и гледајќи го ова видео гледам многу сличности“, се само дел од коментарите на загрижените фанови.

Најнови вести

Најново од Магазин

Најчитани вести