Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, приведено едно лице

На 29.03.2023 полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Д.А.(35) од Кавадарци.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, се пронајдени и одземени едно пакување со марихуана и дигитална вага.

Лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести