Исчезнато дванаесетгодишно девојче, семејството моли за помош

Аниса Ајро од Скопје, 12-годишна ученичка во седмо одделение е исчезната од вчера, пишува Фокус. Семејството бара секаква помош или информација за неа, случајот веќе е пријавен во полиција.

За „Фокус” таткото на девојчето, Енгин, раскажува дека последен пат била видена на училиште, од каде ја повикала некоја повозрасна девојка.

-Имам информации дека родителите не девојчето кое ја однело некаде ќерка ми се повикани на разговор во полиција. Јас со нив немам контакт, не ми беше дозволено сам да ги прашам каде е Аниса. Не знаеме каде да бараме, што да правиме за да си го вратиме детето дома! Го молам добриот народ да помогне. Било кој ако ја види, веднаш да повика полиција, да ја задржи! Нека ми се јават и мене на 072 232 983 – апелира очајниот родител.

Oд МВР најавија повеќе информации за овој случај.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести