Тешка сообраќајка кај Тиквешко Езеро

Во сообраќајка синоќа на патот Кавадарци – Ресава кај Тиквешко Езеро повредени се четири лица, оваа информација ја потврди за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на Сектор за внатрешни работи Велес.

– Според првичната информација, во полициска станица Кавадарци примена е пријава од Итна медицинска помош, дека на локалниот пат Кавадарци – село Ресава кај месноста викана „Криви дол“, во близина на Тиквешко Езеро, случена е сообраќајна незгода помеѓу два патнички автомобили. Спроред првичните информации од ИМП, повредени се 4 лица, кои со возила на ИМП се префрлени во ЈЗУ во Кавадарци. Излезено е на лице место од увидна екипа. За учесниците во незгодата, карактерот на повредите, во моментот немаме информации, штом ќе се комплетира настанот ќе известиме, појасни Самарџиев.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести