Кривична пријава против скопјанец осомничен за убиство пред казиното во Капиштец

Mинистерствотоза внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против Џ.С.(44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по чл. 123 од Кривичниот законик.

Како што соопштија осомниченот е обвинет дека на 31.03.2023 околу 08.02 часот во казино на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, Џ.С. со пиштол пукал во Н.А.(46) од с.Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. им подлегнал на повредите.

„Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, по преземени мерки и активности, како и врз основа на извршените вештачења, утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело, а обезбедено е и огненото оружје со кое Џ.С. го извршил кривичното дело“, соопштија од МВР.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести