Стручни предавања од професорките Виолета Димовска и Виолета Иванова-Петропулос се дел од агендата во рамките на манифестацијата „Ден на станушина”, што ќе се одржи на 7 мај, информираа денеска од Здружението „Тиквешки семејни винарии”. Оттаму рекоа дека вторпат ја организираат големата манифестација, посветена на единствената автохотна сорта грозје, што единствено ја негуваат малите винарии.
-Со двете професорки од Земјоделскиот факултет Штип имаме одлична соработка. Иванова-Петропулос ќе одржи стручно предавање на тема „Ароматен потенцијал на вина од сортата ’станушина’“. Димовска ќе има предавање на тема „Физичкo-хемиски карактеристики на маџунот, grape molasses, произведен на традиционален начин“, појаснија од Здружението.

Присутните на настанот ќе го посетат и Вински музеј Кавадарци.
Во рамки на манифестацијата, предвидено е и обраќање на министерот за земјодество Љупчо Николовски, за потребата и развојот на малите семејни винарии, како темел за развој на винскиот туризам во државата.
На крајот од агендата спарување на традиционална тиквешка храна со виното станушина, музика и дружење
МИА


