Она што се случува во моментите пред природна катастрофа може да биде разликата помеѓу животот и смртта. Сега научниците од Универзитетот во Кардиф развија систем за предупредување кој би можел да им даде на оние кои им се на удар на несреќа повеќе време да избегаат.
Систем за рано предупредување за цунами и подводни земјотреси – напојуван од вештачка интелигенција – е развиен од страна на научниците. Тим од Универзитетот во Кардиф успеа да го следи движењето на тектонските плочи во реално време, комбинирајќи технологија како подводни микрофони со вештачка интелигенција. Експертите веќе користеле звучни снимки за откривање на 200 земјотреси во Тихиот и Индискиот Океан.
Д-р Усама Кадри, коавтор на студијата и виш предавач по применета математика на Универзитетот во Кардиф, рече: „Нашата студија покажува како да се добијат брзи и веродостојни информации за големината и обемот на цунамито со следење на брановите на акустична гравитација. Тие патуваат низ водата многу побрзо од брановите на цунами, овозможувајќи повеќе време за евакуација на пред да удрат на копното“.
Акустичните-гравитациони бранови се звучни бранови кои се движат низ длабокиот океан со брзина на звукот. Тие можат да бидат генерирани од подводни земјотреси, експлозии и лизгање на земјиштето – што може да предизвика цунами. Новиот систем користи снимки од подводен микрофон, или хидрафон и „компјутерски модел“ за лоцирање на изворот на тектонскиот настан, дури и илјадници километри оддалечен.
Кадри и неговиот партнер, д-р Бернабе Гомез Перез, моментално имаат 11 хидрофони во морињата и океаните ширум светот. Ни кажа дека со 24 ќе можат да го следат целиот свет. Постоечките системи за предупредување се ослонуваат на бранови кои допираат до морските пловци и сеизмички сензори за да предизвикаат предупредувања за цунами. Ова остава малку време за евакуација, во ситуација кога неколку дополнителни минути би можеле да бидат разлика помеѓу живот или смрт.

Зборувајќи за Скај њуз, Кадри вели: „Сегашниот систем не пресметува во реално време и нема вистински алатки за мерење на цунамито – и поради близината на пловците до брегот, често е предоцна. Во случајот со цунамито во Шри Ланка во 2004 година, хипотетички можевме да им дадеме на луѓето 65 минути да се евакуираат. Тоа е можноста да се спаси речиси секој живот. Откако бранот ќе ги погоди хидрофоните, пресметките траат приближно 17 секунди. Дури и ние бевме изненадени од брзината“
Тој објасни дека нивниот систем е дизајниран да работи во тандем со постоечките системи, при што и двата делуваат како контроли и рамнотежи за другиот. Алгоритмите на новиот систем можат да ги класифицираат типот и магнитудата на земјотресот, пред да се анализираат својствата на земјотресот, како должината и ширината, брзината и времетраењето. Ова може да се искористи за да се дознае вистинската големина на цунамито.
Коавторот, д-р Гомез Перез, кој сега е на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес, рече: „Тектонските настани со силен вертикален елемент на лизгање имаат поголема сила да ја подигнат или спуштат водата во споредба со хоризонталните елементи на лизгање. Затоа, познавањето на типот на земјотресот во раните фази на проценката може да ги намали лажните аларми и да ја надополни и подобри веродостојноста на системите за предупредување преку независна вкрстена валидација“.
Кадри рече дека секоја лажна тревога може да ги затвори бизнисите и пристаништата – со значително финансиско влијание. „Луѓето ја губат довербата во системот ако имаш лажни предупредувања. Тогаш кога е реално, луѓето нема да си заминат“, додаде тој.
Тимот се состана со океанографската комисија на УНЕСКО за да разговара за можностите за користење на технологијата во превенција од катастрофи. Португалија, позната по своите огромни бранови, беше особено заинтересирана за увидите што може да ги понуди. Работата на тимот за предвидување на ризикот од цунами е дел од долгогодишниот проект за подобрување на системите за предупредување за природни опасности низ целиот свет.
Извор: trn.mk


