(ВИДЕО) Робот паднал по 20 часа работа како магационер

Роботот „Дигит“ ги демонстрирал неговите вештини 20-те часа, но на крајот не можел да издржи и паднал, пренесува Unilad.com.

Компанијата „Agility Robotics“ која го направила се пофали со неговата успешност во работата, дури 99 проценти успешно одговорил на сите поставени задачи работејќи како магацински робот. Таа се пофали објавувајќи видео во кое на крајот роботот падна, а потпретседателката за комуникации на „Agility Robotics“, Лиз Клинкенберд, откри дека со оваа видео сакаат да покажат како роботите како Дигит се подигнаат и продолжуваат да работат и по падот.

– Сакавме да покажеме дека иако Дигит неколку пати паѓаше, се работи за нормален дел од секоја нова технологија и тоа не е голема работа – рече таа.

Како што се додава падот вообичаено се должи на софтверска грешка или сензорска грешка.

-Понекогаш потребни се и поправки; нешто што ретко трае повеќе од 15-20 минути – рече таа и додаде дека компанијата внимава да не ја хуманизира машината премногу.

– Иако „Дигит“ делумно личи на човек, се работи за компјутер што може да врши физичка работа и да следи програма – додаде таа.

Снимката од паѓањето на „Дигит“ предизвика малку необични шеги за добросостојбата на роботот. Некои од објавите сугерираа дека вредната вештачка интелигенција„си го одзеде животот“ како резултат на ниските плати и тешката работа.

Најчитани вести