Принцот Вилијам и неговиот татко, кралот Чарлс, споделија емотивен момент за време на денешното крунисување, додека принцот Хари гледаше сè од своето столче во Вестминстерската опатија.
Принцот од Велс на свечената церемонија се заколна на лојалност кон монархот.
-Јас, Вилијам, принцот од Велс, се заколнувам на лојалност, верба и вистината со кои ќе ви служам, како ваш главен човек со животот и телото. Господ нека ми помогне – рече тој.
Потоа Вилијам стана, ја допре круната и го бакна својот татко во образот. Монархот рече: „Ти благодарам, Вилијам“, додека накратко воспоставија контакт со очите пред повеќе од 2.000 луѓе.
Експертката за говор на телото Џуди Џејмс за Мирор изјави дека сето тоа изгладало како Вилијам и Чарлс да се имаат договорено да избегнат контакт со очите за Чарлс да не стане емотивен.
-Според говорот на телото помеѓу Чарлс и Вилијам изгледа како тие двајца да се согласиле да избегнуваат контакт со очите за време на церемонијата за Чарлс да не го преплават емоции. Имаше еден краток поглед додека Вилијам ја врзуваше наметката, а потоа принцот го тргна погледот. Тој краток поглед беше полн со топлина и благодарност од Чарлс кон неговиот син. Се чинеше дека Хари ја крена главата за да го гледа овој дел од церемонијата“, рече Џуди.
Имено, Хари на церемонијата седеше во третиот ред, два реда зад неговиот брат Вилијам.


