Tурција пред историска пресвртница: Заминува ли Ердоган?!

Утрешните избори во Турција се најголемиот политички предизвик за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган досега, по две децении владеење.

Изборите ќе одлучат, не само кој ќе ја води Турција, туку и како ќе се управува, како ќе се насочува економијата и како ќе се обликува надворешната политика.

Ердоган е лидерот кој најдолго владеел со модерната Турција, која е и членка на НАТО. Тој се залага за побожен живот, ниски каматни стапки, зајакнување на влијанието на Турција во регионот и во моментот има заострени врски со Западот.

Изборите се одржуваат три месеци по земјотресот во југоисточна Турција каде загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Главниот ривал на Ердоган е Кемал Киличдаролу (74), лидер на секуларистичката Републиканска народна партија (ЦХП), кој е поддржан од коалиција од шест опозициски партии.

Доби популарност и поради високата инфлација во земјата и последиците од земјотресот. Последните анкети покажаа дека Киричдаролу ќе победи во двата круга на изборите, додека во првиот круг в недела би можел да освои дури 49 отсто од гласовите.

Се чини дека нацијата од 85 милиони луѓе никогаш порано не била толку поделена околу тоа дали Ердоган направил повеќе штета отколку корист во единствената мнозинска муслиманска членка на Организацијата на Северноатлантскиот договор.

На изборите излегоа уште двајца послаби кандидати, поради што Ердоган и Киличдаролу најверојатно ќе мора повторно да се соочат во вториот круг од изборите, на 28 мај.

Најчитани вести