Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи вчера беше во посета на компанијата „ЕКО – ГРУП“ во Кавадарци која се занимава со преработка и конзервирање на овошје и зеленчук, вегански и сертифицирани органски производи според регулативата на ЕУ. Заедно со него беше и Сања Лукаровска, директорката на УЈП.
„На посетите на компаниите кои ги поддржуваме преку Законот за финансиска поддршка на компании сум среќен кога ќе не пречека сопственичка како Аница од компанијата „Еко – груп“ во Кавадарци, млада компанија која брзо се развива под водство на Аница. Жените претприемачки креираат успешни компании кои носат развој, компанијата „Еко-груп“ е пример и доказ за тоа“, истакна Битиќи на својата страница на Фејсбук.
Неговиот впечаток е дека жените претприемачки креираат успешни компании кои носат развој.
„Последните статитстики покажуваат дека се уште околу 50% од жените во нашата земја се надвор од пазарот на труд. Денеска ова го пишувам за да се инспирираме, да ги покажеме добрите примери и да ги охрабрам сите жени. Потребни сте на пазарот на труд, потребни сте на менаџерски позиции каде што се носат одлуки, потребни сте со вашите иновативни идеи да креирате стартапи и да основате компании. Поддршката ја имате и секогаш ќе ја имате, сите заедно ќе креираме успешни приказни, кој ќе бидат дел од нашата“, порача Битиќи.


