Полициски службеници од СВР Битола со брза реакција на патот за Пелистер пронајдоа повозрасно исчезнато лице

 Министерството за внатрешни работисоопшти дека во текот на вчерашната вечер (16.05.2023), по брза реакција пронајдено е едно повозрасно лице кое било пријавено за исчезнато.

“По добиена пријава во 21.11 часот од страна на 76-годишна жена, според која нејзиниот 78-годишен сопруг, кој имал здравствени проблеми, во 13.00 часот излегол од нивниот дом во Битола и не се вратил дома, од страна на полициски службеници од СВР Битола веднаш се преземени мерки за негово пронаоѓање”, соопштија од МВР.

Лицето било пронајдено по два и пол часа.

“Во текот на потрагата извршено е пребарување на поширок периметар во и околу Битола и за два и пол часа од добиената пријава, поточно во 23.45 часот, на патот Битола – Пелистер, поконкретно на патот за с.Нижеполе, лицето е пронајдено во добра здравствена состојба и безбедно вратено во  домот”, соопшти МВР.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести