(ВИДЕО) Со бастун и на 100 години храбро си го исполни животниот сон: Ja гаѓале со ножеви во циркус

Британката Ени Дуплок, поранешна работничка во циркус, на 100-годишна возраст си го остварила својот животен сон да биде гаѓана со нож за време на циркуска точка.

Дуплок, потпрена на бастун, храбро застанала пред мажот кој ја гаѓал со ножеви, пред навивачката толпа во Ковентри, јави Би-Би-Си.

Дуплок, која за три месеци ќе го прослави својот 100-ти роденден, учествувала во големото финале на шоуто „Зипо циркус“.

По настапот таа изјави дека „навистина уживала“ и самата побарала да учествува.

Жената претходно ја молела нејзината ќерка да побара од нејзиниот поранешен шеф, основачот на циркусот, Мартин Бартон, да ѝ дозволи да настапи и тој се согласил.

Бартон рече дека Ени работела за него пред 30 години, кога поставувала постери. По настапот ја замолил Ени ако сака да биде дел од спектаклот и за нејзиниот 100-ти роденден.

По настапот Дуплок воодушевено изјавила дека е подготвена и за следниот пат.

Најчитани вести