Македонскиот репрезентативец и член на а премиерлигаш Барнли, Дарко Чурлинов завршил во болница во Белград.
Чурлинов требаше да ја предводи македонската репрезентација во квалификациите за ЕП 2024, но Милевски не го повика.
„Чурлинов е во болница во Белград. Засега немаме јасна слика за неговата ситуација, знаеме дека има труење на крвта, односно сепса. Не се знае дали се работи за проблеми со забите или анестезијата“ го објасни Милевски отсуството на Чурлинов.
Чурлинов за македонската репрезентација настапи 17 пати и постигна три гола.
Пред Барнли играше за Келн, Штутгарт и Шалке. Во Англија е од минатата година кога Барнли го донесе за 3,5 милиони евра.


