Цеца нема да прави голема журка за нејзиниот 50. роденден поради трагедијата што им се случи во семејството

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ ја откажала гламурозната прослава на нејзиниот 50. роденден. Како што објавија локалните медиуми таа одлучила роденденот да го прослави во семејна атмосфера поради трагедијата што неодамна им се случи во семејството. Нејзината ќерка Анастасија го изгуби бебето во петтиот месец од бременоста.

„Анастасија беше за одржување на забавата, но Цеца по разговорот со неа и со другите членови на семејството реши тоа да се откаже. Едноставно, не би се чувствувала добро поради се и знае дека не би била атмосферата каква што знае да ја има на сите прослави што ги организира Ражнатовиќ“, изјавил извор близок до пејачката.

Пред неколку дена Немања Гудељ ја сподели тажната вест, дека за жал, го загубиле бебето. Тој напиша дека како што ги делеле со јавноста среќните вести, така ја споделуваат и оваа и им се заблагодари на сите за поддршката порачувајќи дека љубовта помеѓу него и Анастасија ќе го победи и овој тежок момент.

Најчитани вести