Бислимовски: ЕСМ купува евтина струја по 2 евра за еден мегават и ги штеди ресурсите за нова грејна сезона

Апсолутно значи ние ќе испратиме сигнал и со воведувањето на евтина тарифа и до ЕСМ и ЕВН Хоум купувајте електрична енергија кога е најниска цената, имаме периоди кога има и негативна цена, особено за викенди, на германската берза пред две недели за викендот цената беше минус 200 евра за мегават час, на Хупекс за викенди цената беше минус 18, 20 и тоа е тоа. Во српските медиуми објавија дека нивната ЕПС компанија купувала електрична енергија на нивната берза по цена за време на викенд по цена од 3 евра за мегават час. Истото го прави нашиот ЕСМ во овој период некаде купува електрична енергија и по 2 евра за мегават час, значи тоа е нешто речиси еднакво на 0, апсолутно тоа треба да се поддржи и да се испрати сигнал дека купување на електрична енергија по екстремно ниски цени и те како ќе биде добредојдено за да се релаксира ситуацијата во електро енергетскиот систем во државата, рече првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски за Телма телевизија

Најчитани вести