Градоначалникот Ангов: Тим од вработени во Општината ќе бидат задолжени за поддршка на сите заинтересирани за ИПАРД

Денеска консултанти од Агротим одржаа инфо сесија во Општина Дојран на тема очекувани повици од ИПАРД.

Општина Дојран, за ИПАРД е рурално подрачје со можност за инвестирање преку Мерка 7 – рурален туризам.
На средбата со потенцијалните инвеститори и вработените во Општината разговаравме за очекуваните повици за ИПАРД, за условите и идеите кои можат да се реализираат со грант од 50% или 60% од државата за уште поголем развој на овој регион.
Подготовката на апликациите за ИПАРД #КанцеларијаАгротим се сериозна работа и бараат ангажман и соработка од институциите од централната и локалната власт. За таа цел градоначалникот Ангов изрази подготвеност од административна помош на заинтересираните апликанти и приоритет во добивањето на потребната документација која е обврска на Општината. Тим од вработени во Општината ќе бидат задолжени за макисмална поддршка на сите заинтересирани за аплицирање по мерките на ИПАРД.

Фејсбук-статус на Ленче Николовска

Извор: Агротим.мк

Најчитани вести