(ВИДЕО) Објавена снимка од подморницата Титан: О, Боже се вртиме ли во круг?!

Документарен филм на Би Би Си објавен минатата година ги покажува моментите на паника во подморницата Титан по сериозен дефект. Патниците останале заробени на дното на океанот, на околу 4 километри длабочина.

Сцените се прикажани во документарниот филм „Take me to Titanic“, а на снимката може да се слушне гласот на пилотот Скот Грифит како вели: „Нешто не е во ред со погоните. Притискам и ништо не се случува”. Една патничка се држи за глава, додека другите се во агонија и чекат помош.

-Се вртиме ли во круг? О, Боже, вели Грифит во еден момент додека подморницата се приближува до остатоците од потонатиот брод Титаник.

Најчитани вести