Бугарија ѝ го испрати на Украина најголемиот пакет воена помош досегa: 100 оклопни возила од ерата на т.н. „процес на преродба“

Најголемaта еднократна воена помош со 100 оклопни возила од резервите на бугарската полиција – е испратен во Украина по првата официјална одлука на Софија да му помогне на Киев, соопштија бугарските власти.

Оваа воена опрема е купена пред 40 години за спроведување на т.н на „процес на преродба“ – обидот на тогашниот режим насилно да ги асимилира бугарските Турци со промена на нивните имиња, што доведе до прогонство на повеќе од 300.000 бугарски државјани со турско потекло во Турција.

„Станува збор за оклопна воена опрема која е набавена во процесот на преродба и никогаш не била употребена. Taa истовремено само создава трошоци за складирање и одржување“, изјави Ивајло Мирчев од владејачката коалиција. „Украинците ќе се погрижат оваа помош да им биде корисна“, додаде бугарскиот претставник.

Одлуката за оклопните возила е објавена само една недела по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Бугарија. Ова е прв воен пакет од Бугарија за Украина за кој јавно се објавени информации. Имено, воената помош досега беше тајна, но неофицијално, наводно Бугарија ѝ помогнала на Украина и со муниција.

Бугарија е една од ретките земји членки на НАТО која располага со големо количество советско оружје и опрема, како и муниција за нив, што ги користи украинската армија.

Споменатите оклопните возила се дел од еден од најтрагичните периоди на тоталитарниот режим во оваа балканската земја, додека Бугарската комунистичка партија (1944-1989) беше на власт во Софија и ја претвори Бугарија во сателит на тогашниот СССР.

Најчитани вести