Кoста раскажал како ја добил идејата да го изврши масакрот: Откриени нови детали од неговата изјава


Вчера на четиричасовен распит момчето убиец раскажало како ја добило идејата да го изврши маскрот во неговото училиште „Владислав Рибникар“. Имено, како што објави неофицијално српски „Блиц“, Коста гледал документарен филм во кој се споменува масовно убиство. Потоа на интернет пребарувал термини на тема убиства, пукање… и анализирал како масовните убијци ги направиле нивните масакри и каде условно кажано „згрешиле“ во извршувањето на нивните страшни злосторства.

Сепак, очигледно е дека мозаикот од мотивите на момчето убиец за убиството на девет ученици и училишниот чувар во кобното мајско утро ќе треба многу време да се соедини. На вчерашниот распит тој не можел конкретно да објасни зошто се одлучил да направи страшно злосторство, освен тврдењето дека имал негативни чувства кон врсниците.

Многу од неговите одговори само отвориле нови прашања и мачни дилеми за масовно убиство какво што немало досега во историјата на светот, особено не од рацете на 13-годишно дете. Иако вчера за прв пат покажал некои емоции, сведочењето на момчето убиец ќе биде ставено под „лупа“, бидејќи веднаш по убиствата се однесувал сосема поинаку: ладно, затворено, без да чувствува каење или поврзаност со татко му, мајка му, сестра му.

-Вчера изјави дека се кае. Не сака да ги види сликите од децата што ги убил, а во објаснувањето изјавил дека му е непријатно, отркил изворот на „Блиц“.

Говорејќи за семејните односи, момчето убиец за време на сведочењето изјавил дека во неговиот дом немало посебни правила. Немало ни казни, освен „благата казна одземање на мобилниот телефон“. Од него и неговата сестра се очекувало да бидат фини и културни.

Неговиот однос со татко му го опишал како добар, а за мајка му рекол дека е грижлива, сочувствителна, паметна и добра. Тој изјавил дека неговите родители добро се согласувале и дека сега му недостасуваат татко му, мајка му, сестра му, кучето и вујкото.

Момчето убиец изјавило и дека ја играл популарната видео игра „Валорант“, во која тимови од пет играчи се напаѓаат меѓу себе. Тоа е малку контроверзна игра поради заедницата што ја игра, бидејќи се смета за најтоксична во светот.

Истражувањата покажале дека дури 80 отсто од сите играчи на „Валорант“ доживеале онлајн злоупотреба од своите соиграчи во одреден момент од играта. Токсичноста во овој контекст вклучува вербално вознемирување, пцовки и смртни закани, но и поблаги негативни однесувања како намерно губење или напуштање на натпреварите.

И покрај тоа, во досегашниот тек на истражување на мотивите на момчето убиец, сè уште нема посилна врска помеѓу играњето на оваа видео игра и планирањето и извршувањето на масовното убиство во „Рибникар“.

-Не ги познавам тие со кои играв, изјавило момчето убиец за време на сослушувањето.

Најчитани вести