По невремето во Загреб, четири загинати и десетици повредени

Ден по страшното невреме кое вчера ја зафати Хрватска, пристигна вест дека при интервенција загинал и еден пожарникар. Тој е четвртата жртва на страшното невреме во таа земја.

Повредени се 100 луѓе

Во невремето вчера двајца мажи го загубија животот во Загреб и еден маж во Славонија.

Несреќниот пожарникар загинал при интервенцијата во вуковарско-сремската жупанија.

-Во невремето загина пожарникар, двајца мажи во Загреб, еден во Славонија, стотина се повредени – изјави за Дневник.хр, началникот на Дирекцијата за цивилна заштита Дамир Трут.

Оштетени се над 900 згради

Невремето предизвика и огромни материјални штети во главниот град на Хрватска. Во тек е санација на штетите и чистење на улиците.

Градот Загреб утринава упати предупредување до граѓаните да ги избегнуваат посетите на парковите додека не се санираат опасните, навалени дрвја и гранки.

Во Загреб оштетени се околу 900 згради. Службите за помош примиле околу 1.500 повици.

Најчитани вести