Фред Остерајх бил богат текстилен производител а неговата конфекција шиела престилки. Во фабриката се вљубил на прв поглед во Валбург Доли Хедрик, ќерка на германски мигрант и таа станала негова сопруга. Двојката за кратко време го добила синот Рејмонд. Меѓутоа, нивната среќа траела кратко, бидејќи момчето починало кога имало 9 години.
Луѓето кои добро ги познавале зборувале за склоноста на Фред кон алкохолот и за незадоволството на Доли од неговата активност во брачниот кревет.
Еден ден Доли побарала Фред да ѝ испрати еден од работниците за да ѝ ја поправи машината за шиење. Кога 17-годишниот Ото влегол во нивниот дом, Доли го пречекала сосема гола. Секако, момчето не ја одбило понудата.
Во следните месеци, соседството постојано го забележувало младиот човек како редовно ја посетува Доли, додека Фред бил на работа.
За да ги избегне озборувања, Доли смислила план, да го задржи Ото на таванот, а тој се согласил.
По некое време Фред започнал да слуша одредени звуци навечер, да гледа разни сенки низ куќата, забележал и дека му снемува цигари. Но, Доли го уверува дека му се причинува или измислува работи, па тој се загрижил за неговата психичка состојба. По некое време двојката се сели во Лос Анџелес за да се ослободи од „опседната куќа“, но Фред се уште не знае дека „духот“ што го прогонувал во куќата во Милвоки ќе се пресели и во Лос Анџелес со нив.
Фред почнал да пие уште повеќе, а бракот се распаѓал. Ноќта на 12 август 1922 година, двојката имала жестока расправија. Среде караницата, маж истрчал од таванот, држејќи два пиштола во рацете. Несреќниот богаташ бил застрелан трипати и починал.
Следел уште еден план: Ото и Доли сe договориле да повикаат полицијата, а кога ќе дојдат официјалните лица да ја најдат Доли заклучена во плакарот. Целата приказна би била дека во домот упаднале разбојници и го убиле Фред. Властите се посомневале во грабежот што резултирал со смртта на Фред, но Доли тврдела дека разбојникот украл дијаманти и вредни предмети од куќата…
Доли го наследила богатството на нејзиниот сопруг и се преселила во друга куќа во близина. Таа започнала и нова страсна врска со адвокатот Херман, кому му подарила скап часовник. Но, адвокатот го препознал часовникот на нејзиниот поранешен сопруг, кој наводно бил украден. Доли се правдала дека го нашла часовникот паднат под прозорец.
Подоцна, Доли се вљубила во бизнисменот Рој, со кој започнала нова романса. Тој пак, го добил пиштол, со кој бил убиен Фред. Доли велела дека пиштолот „ја потсетува на нејзиниот сопруг“ и го замолила да се ослободи од оружјето. Рој го фрлил пиштолот во реката, а другиот пиштол со кој било пукано во Фред, Доли го дала на соседите за да го закопаат во дворот, велејќи им дека не може да го гледа пиштолот што ја потсетува на нејзиниот покоен сопруг.
Кога Доли и Рој ја завршуваат нивната страсна врска, тој оди во полиција и кажува како се ослободил од пиштолот на Доли. Полицијата го извадила пиштолот од реката и ја притворила Доли. Во исто време, соседите откриваат како Доли побарала од нив да го закопаат вториот пиштол. Но, бидејќи не можеле да утврдат дали Фред бил застрелан со тие пиштоли, случајот бил отфрлен и Доли била ослободена.
Додека била во затвор, Доли го замолила својот адвокат да отиде во нејзината куќа и да однесе намирници за нејзиниот „полубрат“ кој живее на таванот. Верувале или не, младиот Ото 10 години се криел на таванот на Дола и пишувал романи.
Како што Доли се селела од куќа до куќа, така и тој се селел од таван на таван. Додека таа редовно му носела храна, пијалок и нови книги, тој самиот почна да пишува романтични романи.
Како што минувало времето, тој сè повеќе станувал нејзин љубовен роб. Убиството на нејзиниот сопруг Фред само го натерало уште повеќе да сака да се крие на таванот на Доли.
Кога вистината излегла на виделина, Доли била обвинета за заговор и убиство на нејзиниот сопруг. Поротата сепак одлучила да ја ослободи.
Остатокот од животот Доли го поминала во Лос Анџелес. Починала на 75 години штотуку повторно омажена за последниот љубовник.
Ото, кој живеел на поткровјето на Доли од 17 до 27 години, поради застареноста на случајот бил ослободен од обвинението за убиство и се преселил во Канада. За новинарите тој бил „Бетмен од Лос Анџелес“.


