Исчезнатата Драгана утрово се вратила дома

Исчезната Драгана која се бараше преку социјалните мрежи во изминатите денови, од 29 јули, но ја бараше и МВР, утрово се вратила дома, потврдил нејзиниот татко.

Како што објави Министерството за внатрешни работи (МВР) исчезнувањето на 28 годишната Драгана претходно го пријавил нејзиниот сопруг.

– Денеска (01.08.2023) во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Ш.(71) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот во домот се вратила неговата ќерка Д.Ј.(28) од с.Булачани, за која на 29.07.2023 било пријавено дека се оддалечила од домот, информираше МВР.