Како да се вратиле неколку децении назад – така изгледа содржината на видеото кое кружи на социјалните мрежи, снимено на плажата кај Улцињ.
На завршувањето на работниот ден на плажата била пуштена химната на титовата Југославија „Еј, Словени“.
На видеото се гледа како туристите на крајот од денот во костими за капење мирно стојат на плажата и ја слушаат поранешната државна химна, а на крајот аплаудираат.
Zavrsetak “ radnog” dana na plazi Mojito.. u Ulcinju.. dnevno.. pic.twitter.com/XwS1Tvsdw1
— Bogdan Tanjevic (@BogdanTanjevic) August 3, 2023
Како што се вели, во текот на летото таа било секој ден во 18 часот.
Но, на некои тоа не им се допаѓа, па велат дека денес сме таму каде што сме токму поради тие времиња…


