Нермин Сулејмановиќ, убиецoт од Градачац, кој денеска си ја застрела сопругата и убиството го пренесуваше во живо на Инстаграм, си го одзедел животот, објави босанскиот „Аваз“. Тој се самоубил пред очите на полицајците.
Сулејмановиќ денеска покрај себеси и неговата сопруга, убил уште две лица.
– Овде во живо можете да видите како изгледа убиство – вели убиецот.
Откако го извршил сето ова, тој уште неколку пати се огласи на социјалните мрежи.
„Го убив таткото и синот. Господ знае како налетаа на мене. Убив жена и двајца непријатели. Се надевам дека го убив и полицаецот. Бебето е живо“, вели тој во видеото што повторно го објави во живо.
Потоа објави и фотографија со сопругата и дететот.
Локалите медиуми пишуваат дека бил член на нарко-бандата на Емир Коџаг.


