Обвинителството на Тузланскиот кантон ги проверува наводите дали полициската службеничка Џ.С. му ја открила локацијата на тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ каде се крие неговата невенчана сопруга Низама Хеќиимовиќ, која потоа брутално ја претепал, па ја убил. Доколку се покаже дека ова е вистина, ќе биде голем скандал.
Како што објавија локалните медиуми, Зијада Вуковиќ Памуковиќ, тетка на убиената Низама, изјавила дека Низама била веќе седум дена кај неа пред да ја најде џелатот.
„Седум дена беше кај мене, осмиот ден му ја дадоа локацијата, осмиот ден тој дозна каде се крие“, изјавила жената, која тврди дека само полицијата знаела каде се крие Низама.
„Низама се пожали дека има проблеми и затоа побегна со детето од тој насилник“, вели скршената тетка на трагично починатата жена.
Нермин Сулејмановиќ во петокот уби три лица, а потоа самиот си го одзеде животот. Убиството на невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ го пренесуваше во живо на Инстаграм.


