Поп ѕвездата Шакира објави нова песна наречена „El Jefe“, притоа не ја пропушти можноста да посвети стих на член на семејството на нејзиниот поранешен.
Темата на новата песна е работничката класа и нивната експлоатација, а во песната се појавува и мексиканскиот бенд „Fuerza Regida“.
Додека многумина мислеа дека насловот на песната го исмејува прекарот кој му го дадоа пријателите на нејзиниот поранешен партнер, познатиот фудбалер Пике, таа посебно внимание посвети на нејзиниот поранешен свекор.
„Велат дека нема зло што трае повеќе од сто години, но мојот поранешен свекор се уште е тука не во гроб“. пее Шакира во песната, додека во овој дел од видеото танчерите се обидуваат да ѝ ја покријат устата, како да не сакаат таа да зборува.
Со оглед на тоа што таткото на Пике, Џоан, е бизнисмен и управува со компаниите во сопственост на неговиот син – некои тоа го поврзуваат со Шакира велејќи дека нејзиниот поранешен свекор ги експлоатира неговите работници.


