(ФОТО) Ријана го покажа и вториот син

Пејачката Ријана заедно со семејството се фотографирале за новото издание на магазинот „People“.

На фотографијата се Ријана со нејзиниот партнер Роки (34) и нивните два сина.

Ова е прва заедничка фотографија и прво јавно прикажување нивниот неодамна роден син, кого го нарекоа Риот Роуз.

Постариот син со рака ја држи Ријана за ногата, а новородениот е облечен во бело-розова облека.

Пејачката го роди својот втор син на 1 август во Лос Анџелес, а бременоста ја чуваше во тајност до нејзиниот настап на Супер Боул во 2023 година.

Најчитани вести