Фројд, еден од најпознатите психијатри, но и татко на психоанализата, зад себе оставил бројни мудри реченици, кои и ден денес се користат и помагаат да се препознаат различните маани на луѓето.
Интересно е како неговите ставови важеле за луѓето од времето во кое живеел, а не помалку се применливи и денес. Една од нив, се однесува на глупавите луѓе за кои Фројд рекол:
„Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“.
Затоа, кога ќе се најдете во ситуација кога сте изненадени од нечии постапки или однесување воопшто, или сте засрамени од нечии изјави или ставови, веднаш треба да разберете со каква личност си имате работа.
Луѓето кои немаат најдобри намери кон вас често ќе се обидат да ве спуштат или да ги претпостават вашите ставови и размислувања. Во таква ситуација не треба да им се докажувате, ниту пак да се нервирате.
На вас останува само, доколку сакате, да ѝ помогнете на таа личност да разбере некои работи, но не треба да претерувате, бидејќи некои луѓе едноставно одбиваат да признаат дека грешат. Во спротивно, подобро е да се држите настрана. Исто така, пред такви луѓе не треба да ги намалувате критериумите и да ги правите работите што тие сакаат. Заради нечие прифаќање и доверба, не треба да ја намалувате цената на вашето достоинство.


