Новиот албум на Марија Шерофовиќ излезе вчера и веднаш создаде вистински земјотрес на музичкото небо. Веќе во првите неколку часа се издвоија неколку песни кои несомнено ќе бидат големи хитови, но најверните фанови особено ги интересира песната „Другачија“ со која Марија го промовираше новиот албум.
Самото видео започнува со фотографии од детството на Марија на кои ја гледаме со нејзината мајка Верица и таткото Рајко.



Уште од најраното детство, Марија јасно покажала што сака, имено семејните албуми се полни со фотографии од малата Марија со хармоника, тапани и микрофон.
Пркосна, искрена и оригинална се само дел од епитетите што ја следеа во претходните 20 години, па не е изненадување што во песната, која како да ѝ е посветена нејзе, порачува: Не знаеш колку е тешко да одиш со крената глава / Некогаш те сакаат, некогаш те мразат, некогаш те слават.


