Eве зошто Јапонците се нација од соништата: Два воза специјално застанувале на затворена станица за само една девојка да заврши средно училиште

Железничката станица Ками-Ширатаки се наоѓа на северниот јапонски остров Хокаидо, пред многу години била затворена поради нејзината оддалечена локација и прекинувањето на транспортот со товарни возови. Сепак, Јапонската железничка служба се предомислиле откако откриле дека една млада девојка ја користи станицата за да оди во средно училиште секој ден.

Со години возовите застануваат на станицата само за неа.

Јапонската железница ја држела отворена железничката станица се додека таа не го заврши училиштето.

Девочето завршило на 26 март 2016 година и станицата повторно била затворена, а дотогаш секој ден два воза застанувале на станицата Ками-Ширатаки со единствен возен ред во зависност од тоа кога девојката треба да оди и да се врати од училиште.

Најчитани вести