Шампионот Струга Трим Лум и лидерот Шкендија забележаа победи на неделните натпревари со кои беше заокружено 10. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Шкендија ги освои бодовите на стадионот „Борис Трајковски“ во скопско Маџари совладувајќи го Вардар со 2:0.

Струга Трим Лум на домашен терен беше поуспешна од Силекс исто така со 2:0.
На средбите одиграни вчера:
АП Брера Струмица – Гостивар 0:1
Брегалница – Работнички 2:1
Тиквеш – Шкупи 1:1
Воска Спорт – Македонија ЃП 2:1.
Табела: Шкендија 23 бода, Шкупи 19, Струга ТЛ 18, Силекс 16, АП Брера Струмица 14, Тиквеш 14, Работнички 13, Брегалница 13, Македонија ЃП 11, Воска Спорт 10, Гостивар 10, Вардар 5.
МИА


