(ВИДЕО) За овој разговор долго ќе се зборува: Цеца и Карлеуша се караат на суд

Пејачката Јелена Карлеуша објави снимка од судењето со својата долгогодишна сопарничка Цеца Ражнатовиќ.

Во видеото на кое не им се гледаат лицата, но се слушаат добро познатите гласови на пејачките, тие си кажуваат навреди, а нивното соочување судијата цело време го прекинува.

Карлеуша, колку што може да се види на снимката која е објавена на Твитер, тајно го снимала нивниот разговор, а сега одлучи да ја објави во јавност, за што секако може да биде и казнета.

„Само што ми кажа дека сум гроб со очила. Дали вие тоа го допуштате во вашата судница? – прашува Јелена.

„Тоа е комплимент“ – вели Цеца од позадина.

„Немојте сега јас да инсистирам ова да влезе во записник. Ајде внесете го и тоа дека адвокатот ви се заканува дека нема да ви помине и дека сум јас гроб, дека таа гледа во гроб со очила“ – се обрати Карлеуша на судијата.

Најчитани вести