Колку пари ќе заработи Александра Пријовиќ доколку се распродадат билетите и за петтата загребска Арена?

Најинтересната пејачка во моментот барем според она што го објавуваат балканските медиуми е Александра Пријовиќ. Таа е изведувач на турбо-фолк музика и предизвика огромно внимание кога за својот настап распродаде четири загрепски арени (што досега ѝ успеало само на Лепа Брена).

Во моментот во тек е продажбата и на петиот концерт во истата арена и ако го распродаде, што сигурно и ќе се случи, Пријовиќ во Арена Загреб ќе ја слушнат околу 90.000 луѓе.

Капацитетот на приземјето на Арена Загреб е 22.000 седишта, но со оглед дека веќе се распродадени околу 150 бар маси, бројката ќе биде помала, па пејачката Александра, како што се претпоставува, секоја вечер ќе пее за околу 17.500 луѓе.

Најевтиниот билет е на приземјето и чини 25 евра, додека најскапото место во ВИП-ложата чини 130 евра.

За да се обезбеди една бар маса требаше да се купат најмалку шест влезници, а ако една чини 45 евра, тогаш се доаѓа до фактот дека секоја бар маса е чини најмалку 270 евра. Доколку не се избројат најскапите места во ВИП ложите, тогаш просечната цена на билет за концертот е 31,8 евра, што значи дека Пријовиќ ќе заработува најмалку 555.000 евра по концерт. Ако успее да ја наполни Арената и пети пат, Александра Пријовиќ ќе заработи нешто повеќе од 2.780.000 евра.

Од таа бројка секако ќе треба да се одземе и закупнината на просторот, како и другите трошоци, како костими, бенд, сценографија…

За потсетиме, Пријовиќ го распродаде и концертот во Сараево закажан за 28 октомври, а во моментов се продаваат билети за нејзиниот втор концерт во салата Зетра, што ќе се одржи ден подоцна. Пријовиќ пред концертот го посети Сараево каде што предизвика бурни реакции, а запеа и во еден локален ресторан.

Најчитани вести