Новинарот Петар Влахов синоќа информираше директно од Тел Авив за Дневник 2 на ХРТ и веднаш стана предмет на потсмев на Твитер.
Влахов известуваше за ХРТ легнат на земја како да се крие од бомби, додека две жени зад него стоеја сосема опуштени покрај автомобил и си пишуваа на мобилните.
naš junački reporter u borbi za goli život pic.twitter.com/DpeSr5F5oW
— borrissey (@brrssy) October 11, 2023
Тој имаше заштитна зелена кацига на главата и не носеше панцир, додека сите други репортери во Израел носат панцир со натпис PRESS и сина кацига, бидејќи во сите воени зони новинарите мора да бидат обележани. Не е познато од каде му е зелениот шлем на Влахов, може да се претпостави дека го позајмил од војник.
Новинарот во Дневникот рече дека штотуку бил сведок на ракетен напад на Хамас и дека тој и сите други виделе неколку ракети. Тој додаде дека морале да избегаат од автомобилите.


