Спасовски: Одбележуваме – 30 години од првиот официјален натпревар на македонската фудбалска репрезентација

На само еден ден до натпреварот со Украина, одбележуваме значаен јубилеј за македонската фудбалска репрезентација – 30 години од првиот официјален натпревар, кога на 13 октомври 1993 година, Македонија гостуваше во Крањ каде, под македонските знаме и химна, ја победи Словенија со 4:1.

Искрени честитки до сегашните и поранешните членови на македонската фудбалска репрезентација, која досега има одиграно 276 официјални натпревари, со победи и порази, и секогаш обединувајќи нѐ сите нас.

Посакувам уште многу нови победи и успеси на меѓународната сцена! 🇲🇰, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на фејсбук.

Најчитани вести