Некои жени се родени за брак, а некои бегаат од прстенот како Џулија Робертс во „Невестата бегалка“. Ако некако тие се одлучуват да ветат вечна љубов, на нивните партнери нема да им биде лесно.
Според астролозите, ова се најлошите сопруги според хороскопот:
Водолија
Импулсивни, не поднесуваат да им биде досадно. Доколку почувствуваат дека се „заглавени“ во рутина, веднаш преземаат акција. Ако сакате да се ожените за жена Водолија, мора да се погрижите вашата врска да биде интересна, или таа веднаш ќе ве напушти. Покрај тоа, жената Водолија е многу паметна и сака партнерот да ѝ парира. Значи, ако можете да бидете во чекор со нивната возбуда и интелигенција, Водолиите се вистинскиот избор за вас.
Близнаци
Жените Близнаци се лукави како лисици. Во еден момент таа ќе биде најдобрата сопруга што би можеле да ја посакате, со искажани многу нежни зборови и грижливи постапки, а во следниот нема да можете да ја препознаете, целосно ќе се премисли, во дел од секундата. Ако сакате да се ожените за жена Близнаци, мора да знаете дека таа има две страни со кои ќе мора да се научите да живеете. Лесно е да се живее со приврзаната и љубовната страна, но треба да знаете што ќе се случи и кога на ред ќе дојде другата страна.
Девица
Девиците се многу организирани и мислат дека точно знаат што е погрешно, а што е правилно. За да можете да живеете со жена Девица, ќе мора да го прифатите фактот дека сè ќе биде на нејзин начин.
Стрелец
Ако сакате цел живот да бидете збунети, оженете се со жена Стрелец. Овие жени се многу страствени и не можат долго да останат на едно место, бидејќи не поднесуваат досада или рутина. Штом почувствуваат дека ги забавувате, веднаш ќе побегнат и никогаш нема да се вратат. Прифатете ги такви какви што се и никогаш не обидувајте се да ги скротите бидејќи нема да успеете. Жената Стрелец повеќе сака слобода отколку обврски и тоа никој не може да го промени.


