Сања Арсовска: Улогата на мајка најмногу ме промени, сакам што подолго да сум во животот на син ми

“Дефинитивно, улогата на мајка најмногу ме промени. Заради него почнав повеќе да се сакам себе си, да се штедам, да не трошам време и енергија на сѐ и сите, да бидам селективна во изборот кого, што и колку ќе сакам. Претходно, никогаш не си бев важна јас и моите чувства и потреби, сакав само другите да се среќни, сега и тoa како ми се важни, и тoa како се сакам, зашто сакам што подолго во животот Марко да ме има, а за да го остварам тоа, морам јас да сум добро, мора мене да ми е убаво и добро” рече актерката Сања Арсовска во интервју за “Трн.мк”.

Од друга страна, додава таа, дека со раѓањето на синот ѝ се родиле и стравови што претходно ги немала.

“Сепак, не мислам дека да сум мајка ми е улога, зашто улогата започнува и завршува, тоа е живот, перманентен, засекогаш. Еден убав, ненаспан, тежок и стресен живот, во кој едно ’те сакам’, гушка и бакнеж те растресуваат и ти ги регенерираат сите клетки, одново и одново за да имаш сила да продолжиш” додаде Арсовска.

Актерката додава дека ако постои нешто што  да го работи, тоа го прави.

“Создавам услови, се вложувам и не се откажувам. Освен во театар, таму има работи, односно, улоги што би сакала да го изиграм, но за тоа треба прилика, тоа е нешто што не зависи од мојата желба, туку од многу фактори” рече Арсовска.

Целото интервју може да го прочитате на trn.mk

Извор: trn.mk

Најчитани вести