Дербито на Манчестер го одбележа Халанд

 Со два постигнати гола и една асистенција, Ерлинг Халанд беше најдобар играч на градското дерби одиграно вечерва „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер јунајтед и Манчестер сити.

„Граѓаните“ победија со 3:0. Норвежанецот погоди 26. минута од пенал и во 49., додека во 80. му асистираше на Фоден.

За Манчестер сити ова беше осми триумф во десеттиот овосезонски натпревар во Премиер лигата.

Јунајтед по 10 кола е на половичен ефект со пет победи и исто толку порази.

На табелата води Тотенхем со 26 бода, Арсенал е втор со 24, Манчестер сити е трет со 24, Ливерпул има 23. Манчестер јунајтед е 8-ми со 15 бода. 

МИА

Најчитани вести