Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 236 возачи.
Од нив, како што соопшти денеска од МВР, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 147 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
МИА


