АСТРО ПОНЕДЕЛНИК: Лавовите ги привлекува некој што неодамна го запознале, Раковите се исцрпени од деловните обврски, а Вагите уживаат во флерт
ОВЕН
Голема поддршка од оние со кои ќе дојдете во контакт денес, бидејќи имате правилен пристап и луѓето ги прифаќаат вашите идеи и лидерство. Денот е совршен за да запознаете личност која ќе ве освои и шармира на прв поглед. До крајот на денот можно е да договорите и средба со неа.
БИК
Чувствувате дека малку ви недостасува да склучите важен договор и ќе ги насочите напорите на негово спроведување. Некои неочекувани трошоци наскоро ќе ви го расипат расположението. Сепак, во вториот дел од денот, кога ќе се сретнете со саканата личност, ви се враќа оптимистичкото расположение.
БЛИЗНАЦИ
Денес ве чекаат многу обврски и прашање е како ќе го протуркате сето ова. Не дозволувајте да се изгубите во морето од работи што треба да ги завршите и не заборавајте да се сретнете со вашата сакана, бидејќи навистина може да ви замери.
РАК
Не ја добивте очекуваната поддршка од страна на колегите или деловниот соработник и јасно ви е дека ќе треба да го преземете најголемиот дел од обврските на товар. Сето тоа многу ќе ве исцрпи и прашање е дали ќе бидете доволно расположени да се видите со вашиот емотивен партнер.
ЛАВ
Некои новости доста ве израдуваа, а може да се поврзат и со деловниот, но и со финансискиот сегмент. За некои тоа може да биде дури и вест поврзана со вработување или промена на договорот за вработување. Многу голем поттик во емотивниот сегмент, чувствувате привлечност кон личност која штотуку ја запознавте.
ДЕВИЦА
Чекате вести за почеток на нов бизнис или проект и се чувствувате како да сте на игли. Ако успеете да го „направите“ ова, може да се радувате на одредено зголемување на приливот. Мали несогласувања во односот со саканата личност, особено ако сте во брак.
ВАГА
Краткорочно несогласување или недоразбирање со претпоставените среде бел ден. Сепак, свесни сте дека вашите намери биле најдобри, па нема да се преоптоварувате. Мило ви е што некој реагира на вас и отворено ви го покажува тоа. Уживате во флертувањето.
СКОРПИЈА
Нема потреба да се двоумите или да бидете несигурни. Вашата иницијатива за некои прашања денес е повеќе од добредојдена и лесно можете да ја придвижите ситуацијата во посакуваната насока. Разговор со некој кој ви е многу важен емотивно. Чувствувате дека се повеќе се зближувате со оваа личност.
СТРЕЛЕЦ
Денеска тие промени кои се обидувате да ги иницирате одат полека, а сигурно е дека нема да комуницирате на вистински начин ниту со оние со кои најтесно соработувате. Премногу сте уморни и исцрпени, па ќе ви одговара да поминете мирно попладне со партнерот.
ЈАРЕЦ
Тешко е да се разберете со некои луѓе, но тоа не треба да ве обесхрабрува. Продолжете со она темпо и на начин како што сте планирале. Потребна ви е поддршка од саканата личност и сакате таа да ви се посвети. Можеби нема да можете да поминете толку време заедно колку што ви треба.
ВОДОЛИЈА
Совршен ден за завршување на сите ваши планирани обврски. Сè ќе ви биде лесно, а околностите се на ваша страна, па искористете ја можноста некои тешки работи да ги доведете до крај. Многу сте задоволни од постигнатото. Хармоничен однос со саканата личност, а за оние кои се слободни можност за ново познанство.
РИБА
Ќе мора да промените некои работи на патот за да можете да се вклопите со другите и да ја завршите работата или обврската која сте ја планирале. Очекувајте поддршка од некои луѓе, но денес нема да можете да се потпрете на нив, туку само на себе. Се чувствувате емотивно оддалечени и повлечени.
Извор: prva.rs


